Радио Милева

Кети Пери го откри полот на бебето

Кети Пери го откри полот на бебето
фото: тањуг/ап

Пејачката Кети Пери пред еден месец на јавноста и откри дека е бремена и заедно со нејзиниот партнер Орландо Блум ќе станат родители.

Овој пат со прекрасна фотографија го откри и полот на бебето.

Кети на „Инстаграм“ објави фотографија од Орландо, на која неговото лице е замачкано со розов шлаг. Во описот на фотографијата таа откри дека очекува женско дете  – „Девојче е“.

фото: Инстаграм

На почетокот на март на еден концерт  во Австралија, Кети го покажа трудничкото стомаче пред публиката, па изјави „Се надевам дека е девојче“, па така сега и се исполни желбата.

За потсетување, дека е бремена, Кети откри во нејзиниот последен спот за песната „Never Worn White“ која ја објави на почетокот на март.

Останати вести од Радио Милева