Ќерката на Жељко Јоксимовиќ секојдневно привлекува големо внимание на социјалните мрежи со својот атрактивен изглед.
Мина е исклучително активна на „Инстаграм“ и веќе собра завидна бројка на следбеници кои имаат можност да ѕирнат во деталите од нејзиниот приватен живот.
Некои од покоментираните теми се токму нејзиниот моден стил, нега на лице и тело, фризура и шминка, како и нејзиниот целокупен изглед. Таа со најновата фотографија особено го привлече вниманието, во преден план истакнувајќи го убавото лице, како и каде се грижи за себе, а забележливо е дека одлично се грижи за својот изглед.
Многумина забележаа дека Мина во последните неколку години многу работеше на својот физички изглед, а очигледно тоа го прави и денес, не оставајќи ништо на случајноста.
Имено, кога ќе се спореди изгледот на Мина Јоксимовиќ од нејзините помлади денови со денешниот, разликата е очигледна. Покрај промените кои се неизбежни во адолесцентниот период, се чини дека ќерката на Јоксимовиќ имала и неколку естетски корекции на кои денес не можат да одолеат голем број припаднички на понежниот пол.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Мина Јоксимовиќ