Радио Милева естетски корекции

Ќерката на познатиот пејач има само 18 години, а веќе премногу смени па, прави и нови корекции на естетските интервенции (фото) 

Ќерката на познатиот пејач има само 18 години, а веќе премногу смени па, прави и нови корекции на естетските интервенции (фото) 

Ќерката на легендарниот пејач Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Џиновиќ не престанува да ја интригира јавноста. Откако донесе одлука да излезе од анонимноста и да стане инфлуенсерка, убавата Џина Џиновиќ посебно привлекува внимание со својот атрактивен изглед. Таа е многу активна на социјалните мрежи, а секое нејзино движење привлекува големо внимание.

Така таа во текот на вчерашниот ден ги известила своите бројни следбеници дека итно мора да посети пластичен хирург, бидејќи имала проблеми со филерот на усните.

„… ми мигрираше филерот “, напиша Џина на фотографијата.

Иако ги добива повеќето убави зборови за својот изглед, како што еднаш и самата призна, до пред две години изгледаше сосема поинаку. Таа нагласи дека имала проблеми со килограмите и  лицето поради мозолчињата, кои ја мачеле во тинејџерските денови.

– Бев како топка, Џина од пред две години и сега се сосема две различни луѓе. Ја корегирав исхраната и сакам да лажам дека вежбам, иако тоа ретко го правам, но ова се некои работи кои ги споделувам со моите следбеници. Да речеме, имав и катастрофални проблеми со лицето, многу се трудев да го направам како што е денес, меѓу другото ме фати пубертетот, па се обидувам да им објаснам на девојките дека мозолчињата се нормална работа – изјавила Џина за време на една гостување во емисија.

Сепак, многумина мислат дека освен со корекција на исхраната, Џина го променила изгледот и со естетска хирургија.

Имено, многумина коментираа, кога ќе ги погледнат нејзините стари фотографии, дека денес  работите се поинакви. Нејзините усни беа потенки, носот различен, а градите изгледаат пополни. Џина била исто толку убава и порано, па многу следбеници и велат дека не и требале интервенции.

Факт е дека младата инфлуенсерка денес изгледа како жива барбика, а дали е тоа поради естетска хирургија или вешто уредување фотографии не е познато.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Јутјуб

 

To top