Младата македонска ТВ водителка и надежна пејачка Барбара Ракичевиќ, помеѓу два настапи во ноќните клубови низ Македонија, реши да замине на викенд одмор.
Русокосата убавица откако матурираше и стана полнолетна, сега може и сама без тато и мама да се грижи и одговара за себе, па затоа ги спакува куферите и замина да си ги наполни батериите, каде ако не на море. Песочните плажи крај морскиот брег се местото кое сите го сонуваат штом дојде лето, а како што самата Барбара вели, се што е добро започнува во јуни.
View this post on Instagram
На фотографиите што ги објави од плажа покажа дека не да е добра, туку и многу повеќе од тоа. Едвај полнолетната русокоса го распосла сиот свој телесен раскош на плажата па покажа дека е како убавица од бајка, која убавината и сексапилот ги наследила од својата позната мајка. Само што сега ќерката на Мелита не само што е иста како мама, туку може да се каже дека веќе сега ја надминува познатата дама. Иако кога е атрактивноста во прашање, само еден поглед на Мели и веднаш ви се „крева тензија“, што значи далеку од тоа дека мајката е… „за пензија“!
Сепак младата Барбара со своите најнови фотографии потврди дека важи за една од најубавите познати ќерки на нашите од поодамна познати лица.
Најпрвин во летно мини фустанче и мрежест горен дел под кој се гледаше градникот од црниот костим за капење, Барбара ги собра погледите крај шанкот.
Но, она највозбудливото допрва следуваше, како што Барбара го соблекуваше она што го носи на себе.
Штом остана во модерниот костим за капење, во фокусот на вниманието беше нејзиното младо убаво тело со кое ја маѓепса окулу себе целата свита… Дар од мајката природа и очигледно генетско наследство од нејзината мајка Мелита.
Телесниот раскош очигледно не остава простор за недоумица на кого се метнала младата убавица… Барбара е млада дама иста како мама! Барем кога е физикусот во прашање… За она останатото – ќе покаже времето.
Фото: Инстаграм принтскрин/melitameli/barbara_rakicevic