Радио Милева
совршен пар

Ќерката на Лени Кравиц ќе се мажи со еден од најзгодните холивудски актери (фото)

Ќерката на Лени Кравиц ќе се мажи со еден од најзгодните холивудски актери (фото)

Ченинг Тејтум (43) и девет години помладата актерка Зои Кравиц се свршија по две години врска, дознава магазинот „People“.

Двојката била фотографирана како заминува од забава за Ноќта на вештерките за време на викендот, а актерката го покажала свршеничкиот прстен.

Инаку, Тејтум и Зои се запознале за време на кастингот за американски трилер „Pussy Island“. Зои претходно зборуваше за нивната врска во интервју за „GQ“. “Ченинг е прекрасен човек. Тој ме смее и двајцата ја сакаме уметноста, сакаме да истражуваме зошто го правиме тоа што го правиме. Сакаме да гледаме филмови, да зборуваме за нив…”, рекла таа.

За потсетување, Ченинг Тејтум претходно беше девет години во брак со актерката Џена Диван. Тие се запознале на снимањето на филмот „Step Up“ во 2006 година. Се венчаа во јули 2009 година, а четири години подоцна добија ќерка. Сепак, во 2018 година, парот објави дека се разделува, а разводот беше финализиран во ноември 2019 година.

Тејтум на почетокот на оваа година изјави дека не е сигурен дали некогаш повторно ќе се ожени. “Не знам дали некогаш ќе се оженам повторно. Врските се тешки. Во бизнисот, не се плашам дека нешто ќе се уништи, но кога се работи за луѓето што ги сакам, навистина ми е тешко. Секогаш се трудам премногу“, рекол тој.

фото:Принтскрин Јутјуб/Backgrid

Останати вести од Радио Милева