Радио Милева инфо од прва рака

Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ откри детали за односот на своите родители: „Мама и тато не спијат во иста соба“

Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ откри детали за односот на своите родители: „Мама и тато не спијат во иста соба“

Пејачот Харис Џиновиќ и креаторката Мелина Џиновиќ решија да се разведат по 22 години љубов.

Популарниот пар важеше за еден од најхармоничните од српската естрада, па веста за нивниот развод ја изненади јавноста.

Харис и Мелина Џиновиќ во бракот имаат две деца, синот Кан и ќерката Џина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Djina Dzinovic (@djinadzinovic)

И додека Кан ја чува својата приватност подалеку од очите на јавноста, Џина е многу активна на социјалните мрежи.

Во една прилика, пред три години, Џина раскажала дека нејзините родители не спијат во исти соби, што потоа предизвика бура на мрежите, што покажува декаможеби брачните несогласувања тлееле од поодамна.

„Приказната во живо покажува дека Харис и Мелина спијат во посебни соби. Не разбирам како може јавно да открие толкава интимност“, гласи еден од коментарите на Твитер, пишува „Блиц“.

Да потсетиме дека љубовта меѓу Харис и Мелина започна во 2002 година, кога креаторката беше во втора година на студии. На пејачот младата Мелина му се допаднала на прв поглед, а како што подоцна изјавил во едно интервју, работеле хармонично и уживале во нивната љубов.

фото:Instagram printscreen/ djinadzinovic/ You Tube printscreen/ Nenty News

To top