Ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина, Џина, се почесто почна да се експонира јавно, но за нивниот син и нејзин помал брат, речиси и ништо да не се знае.
Кан Џиновиќ денес се приклучува на едно важно друштво – клубот за возрасни.
Синот на фолк ѕвездата и познатата креаторка го слави својот 18-ти роденден и, ако сакаме да веруваме во она што можеме да го видиме на единствените две фотографии кои досега ги објави на Инстаграм, тој е сериозен фраер.
За разлика од сестрата Џина, инфлуенсерка чиј секој потег внимателно се следи, Кан е прилично таинствен. Не сака да се експонира, бега од камерите, дури и од телефонските, завршува училиште и спортува, а дресот открива дека тренира кошарка во белградскиот ФМП. Многумина велат дека многу личи на својот татко.
Непознат е и неговиот емотивен живот, барем засега. Но, бидејќи е полнолетен, можеби во иднина ќе ни даде повеќе информации за себе.
фото:Mirko Tabašević/Instagram