Принцезата од Велс Кејт Мидлтон го посети машкиот затвор во Сари, Англија. Секогаш скромна, принцезата, облечена според протоколот, разговарала со првите луѓе на затворот.
Покрај совршениот стајлинг, многумина веднаш забележаа дека Кејт носи гипс на десната рака, на два прста и веднаш се запрашаа што и се случило.
Наскоро британскиот печат откри дека принцезата претрпела „лесна повреда“ за време на омилената семејна активност.
Кејт си ја повреди раката додека си играше на трамболина со своите деца принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5). Портпаролот на палатата Кенсингтон потврди дека се работи за „лесна повреда, ништо сериозно“.
Трамболината е омилено место за играње на принцезата и нејзините деца, а во една прилика откри дека често скока во неа со Џорџ, Шарлот и Луис.
– Секогаш кога можам, сакам да скокам на трамболина со децата и да се забавуваме заедно пред училиште – изјави Кејт претходно за „Dailymail“. Во неколку наврати Кејт и Вилијам зборуваа за тоа како сакаат нивните деца да имаат нормално детство, како и сите други семејства. Затоа Кејт не се однесува како принцеза во удобноста на нејзиниот дом, туку како мајка која сака нејзините деца да ја чувствуваат топлината на вистинскиот дом и да имаат родители кои не се идниот крал и кралица, туку само мама и татко на Џорџ, Шарлот и Луис.
Фото: Принтскрин/Профимедиа