Сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон е бремена со четвртото дете, пренесуваат медиумите во Велика Британија.
Пред три месеци, принцот Вилијам и Кејт станаа родители на трето дете, а сега извори тврдат дека се подготвени да го дочекаат и четвртото.
„Тие сакаат да имаат две момчиња и две девојчиња. За Кејт е многу важно меѓу децата да има силна врска, како што ја имаат таа со нејзиниот брат и сестра, а тоа може да се постигне доколку е мала разликата во годините, вели извор близок на семејството.
Пријателите на Кејт тврдат дека таа е бремена со четврто дете. Ги покажува сите знаци на бремност, но таа и Вилијам истакнале дека сакаат да имаат четвртото дете.
„Повторно носи широка облека, избегнува алкохол и јаде „кари“ за кое секогаш има желба кога е бремена. Почна да јаде и кекс од лаванда кој и помага при утринските гадења, вели изворот и тврди дека поради бременоста не била присутна на роденденот на принцот Чарлс.
фото: блиц