Принцезата од Велс за прв пат се појави на овогодинешниот Вимблдон. Кејт (41) со својот моден избор ги воодушеви сите. На вториот ден од турнирот таа носеше сако со зелена ментол боја над бел плисиран фустан.
Како и секоја година, Кејт на сакото носеше виолетова машна, што е повеќе од моден детаљ. Тоа е симбол на покровителството на Кејт на англискиот клуб за тенис и крикет.
Инаку, сакото е со потпис на брендот Balmanin и неговата цена е околу 2.100 долари. Изданието Кејт го комплетираше со аксесоари во бела боја – кожни потпетици и чанта Mulberry.
Впечатливата јакна имаше бели ревери и бели копчиња, повторувајќи го стилот по кој беше позната принцезата Дијана. Многумина коментираа дека ова сако наликува токму на стилот на принцезата Дајана.
Принцезата го зазеде своето место на теренот 18 , а го следеше мечот меѓу врвната британска тенисерка Кејти Бултер која играше против Австралијката Дарија Савил. Натпреварот беше прекинат поради дожд.
Кејт го доби ова покровителство од кралицата Елизабета Втора бидејќи е голем љубител на тенисот.
Фото: Принтскрин/Профимедиа