Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон изрази желба своето трето да го роди во кралската палата, иако синот Џорџ и ќерката Шарлот ги роди во лондонската болница Сент Мери.
Имено, таа посакала да се породи во палатата Кенсингтон или во куќата Анмер Хол, каде живее со принцот Вилијам.
-Принцот ја поддржува во тоа и мислат дека е прекрасно тоа да се случи дома, посебно за нивните деца, открива близок извор на двојката и додава дека на тој начин би се избегнала гужвата пред болницата како и секој пат.
Спак, Кејт е предупредена дека не треба да си игра со животот на детето, а и својот. Инаку, Кејт треба да се породи во април годинава, а полот на детето се уште е непознат за јавноста.