Последните денови се шпекулира дека се појавиле несогласувања меѓу принцот Хари и принцот Вилијам поради Меган Маркл.
Според изворите, ситуацијата во кралската палата станува се повеќе напета, а тоа е една од причините поради кои Меган Маркл и принцот Хари сакаат да живеат подалеку од Кејт Мидлетон и принцот Вилијам.
Извор близок на кралското семејство откри дека Кејт и Меган имаат различни особини и немаат ништо заедничко, но дека се турдат добро да се согласуваат.
Кејт за едни странски медиуми проговори и откри што мисли за бременоста на Маркл.
Кога ја прашале дали се радува на приновата во кралското семејство, Мидлтон одговорила:
„Многу се радувам. Ова навистина е посебно време, а Георге, Шарлот и Луис ќе добијат братучед или братучеда. Ова е навистина посебно“ изјави Мидлтон.
За потсетување, Меган Маркл и принцот Хари следната година ќе станат родители дете на нивното прво дете.