Откако пред неколку денови го посетила породилното одделение и мајките кои во него лежеле, принцезата го споделила своето трауматично искуство.
Популарната принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, одлучила да биде искрена со жените кои ги посетила во една болница и првпат по 11 години да се пожали на некои работи кои како член на кралското семејство морала да ги трпи.
При таа прилика Кејт открила дека таа и принцот Вилијам биле под голем стрес поради изборот на имиња за нивните двајца синови Џорџ и Луис и ќерката Шарлот.
View this post on Instagram
Таа објаснила дека стресот и грижата со ноќи не ѝ дозволувале да спие.
„Разговараше со жените во болницата за тоа колку е тешко да ги именуваш децата и каква одговорност тоа носи. Многу од младите родители се обидуваат да ги најдат најдобрите имиња за своето дете, но не им е секогаш лесно, а Кејт со нив во тоа можела да се спореди“, изјавил доктор Стабс.
„Рече дека Вилијам и таа едноставно не можеле на децата да им дадат имиња кои само така им се допаѓаат (без никакво значење) затоа што цел свет чекал да видат што ќе изберат, а тоа создавало голем притисок на нив“, додал докторот.
View this post on Instagram
Новата принцеза од Велс многу се разнежнила кога ги видела бебињата, па не одолеала ниту неколку од нив да ги земе во своите раце. Се присетила на периодот кога нејзините деца биле бебиња и многу била емотивна.
Низ хуманитарната работа таа им помага на децата и загрозените семејства, а позната е и по тоа што се залага за што подобар третман на бремените жени и „новопечените“ мајки.
За оваа прилика Кејт носела прекрасен, жолт фустан, а ова е првпат да се појави во јавноста без црна облека по погребот на кралицата Елизабета Втора.
фото:Instagram printskrin