Радио Милева бизарна причина

Кејт Мидлтон не сакаше да го прекрши протоколот: Децата и побараа автограм, но таа ги одби (фото)

Кејт Мидлтон не сакаше да го прекрши протоколот: Децата и побараа автограм, но таа ги одби (фото)

Познато е дека принцезата од Велс обожава деца, па овој нејзин чин изненади многумина

Принцезата  Кејт Мидлтон ги изненади луѓето кога одби да даде автограми на собир во Лондон.

Имено, Кејт Мидлтон неодамна присуствуваше на Цветниот саем на Челзи во Лондон, каде имаше пикник со присутните деца. Љубопитните деца побарале автограм, но таа морала да ги одбие нивните желби.

Принцезата од Велс е позната по својата пристојност, па овој потег изненади многумина. Сепак, членовите на кралското семејство не смеат да потпишуваат автограми за да се спречи ризикот од фалсификат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simon Perry (@sperrypeoplemag)

-Моето име е Кетрин. Не смеам да се потпишам, тоа е само едно од тие правила. Не можам да си го напишам името, но можам да цртам, им објаснила на децата кога од неа побарале автограм.

Иако на кралското семејство не му е дозволено да потпишува автограми, кралот Чарлс еднаш го прекрши протоколот во 2010 година, кога потпиша за жртва од поплавите, пишувајќи „Чарлс 2010“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа

To top