Радио Милева

Кејт Мидлтон може да носи високи потпетици во секое време, а ова е нејзиниот трик…

Кејт Мидлтон може да носи високи потпетици во секое време, а ова е нејзиниот трик…

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, ретко кога можеме да ја видиме без нејзиниот заштитен знак – високи потпетици.

На бројните кралски настани и разни церемонии таа долго време стои, па многу жени се прашуваат како Кејт издржува со часови на високи потпетици.

Како што пренесува „Венити фер“ нејзината тајна е во влошките за чевли. Кејт во сите чевли става влошки од италијанско производство направени од квалитетна кожа кои ѝ пружаат удобност и стабилност.

Многу е важно да се истакне дека станува збор за кожни влошки затоа што силиконските или влошките од ткаенина не се доволно цврсти за да го стабилизираат стапалото.

To top