Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја добиле поканата за венчавката на Бруклин Бекам и Никола Пелц, но не се појавиле.
Како што пишуваат британските медиуми, Дејвид и Викторија Бекам им пишале на војводата и војвотката од Кембриџ и ги поканиле на 3.5 милиони долари вредната прослава во Палм Бич на Флорида. Кралскиот пар, кој ги повикал Бекамови на својата венчавка во 2011-та година, љубезно ја одбил поканата.
„Дејвид и Викторија им пишале на Кејт и Вилијам и ги повикале како семејство на венчавката на нивниот син. Меѓутоа, Вилијам им одговорил дека им посакуваат многу среќа, но дека нема да можат дојдат“, рекол извор за странските медиуми.
Дејвид и Викторија биле гости и на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл во 2018 година, па многумина биле сигурни дека војводата и војвотката од Сасекс ќе дојдат во Палм Бич. Наводно Викторија и Меган се многу добри пријателки, а нивните дружења се уште почести откако Хари и Меган се преселиле во Америка. Меган исто така често ги носи креациите на Викторија.
Дејвид во февруари 2020 година рекол дека многу е горд на неговиот прекрасен пријател Хари по неговиот брак со Меган и раѓањето на нивниот син Арчи.
Изворот тврди дека во изборот меѓу Хари и Вилијам, Дејвид сепак е на страната на Кембриџ.
„Тие биле единствениот нивен избор за гости на венчавката“, тврди изворот.
„Историјата на Дејвид со Вилијам и Кејт е подолга, поврзани се и тие се добра причина за гости на венчавката“, додал изворот.