Водителката Александра Пановска Илиевска која со задоволство се подготвува за утринската емисија на Канал 5, изгледа го пронајде „еликсирот на младоста“ и времето застана за неа.
Таа го има стасот и харизмата и живее живот без скандали, а кога и да објави нова фотографија на социјалните мрежи како да сме зачекориле во некоја временска машина со нејзиниот избор на модни парчиња кои ја оживуваат модата и изгледа модерно.
Овој пат, убавата водителка, блесна во комплет со цветен дезен, комбинација за секоја прилика со доминантен накит од охридски бисер, а насмевката не ја тргаше од нејзиното лице, па покрај фотографијата напиша позитивна мисла со цел да ги инспирира нејзините фанови.
„Животот е како огледало, ќе ти се насмевне ако се насмееш кон него“ – а токму тоа го практикува и таа.
View this post on Instagram
Александра секој пат ја избира вистинската комбинација за неа, но мора да се признае дека често е доста импресивна. И секако, како и сè, така и изгледа одлично.
Едноставно е неверојатно дека има 38 години и по изглед и по енергија.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Александра Пановска Илиевска