Фолк пејачот Дарко Лазиќ е главна тема на социјалните мрежи поради честото менување на партнери, а неодамна се ожени со својата вереница Катарина, но сега повторно се најде во центарот на интернет.
Овој пат го споредија со Наташа Беквалац, а тој ја прифати шегата и изјави дека таа ќе биде следната со која ќе се ожени.
Дарко гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ кај Огњен Амиџиќ одговарајќи на неговите незгодни прашања, а едно од нив беше за Наташа. Огњен во еден момент му ја открил на Дарко сличноста меѓу него и Наташа Беквалац, алудирајќи на тоа дека таа неколку пати била мажена.
– Го виде ли она за Наташа Беквалац? – праша Огњен.
– Види, уште со неа ќе се оженам и толку. Ако се разведам од Катарина, ќе се оженам со Наташа – се пошегува Дарко.
Да потсетиме, Катарина и Дарко неодамна имаа свадба за паметење, а првпат збиле заедно во врска пред 14 години. Во споменатата емисија пејачот откри дека по раскинувањето, до помирување, тој периодично флертувал со неа.
Фото: Принтскрин/Амиџи Шоу/Шутерсток