Поранешното момче на пејачката Теа Таировиќ С.Џ е осуден на казна затвор од три месеци поради закани кои и ги упатил на пејачката.
Имено, тој се терети дека откако во март 2018 година пејачката раскинала со него во повеќе наврати по пат на телефон од повеќе броеви и упатувал сериозни закани по нејзиниот живот.
View this post on Instagram
По пат на телефонска комуникација и пратил фотографии од женско лице кое било претепано и и кажал дека тоа може да биде таа доколку не се смират.
-На ден 21.04.2018 година во близина на дискотеката „Gaudeamus“ покрај мотелот во кој била сместена Т.Т откако ја побарал на нејзиниот мобилен телефон и рекол да се симне доле пред мотелот како би разговарале и да и врати некои нејзини лични работи, а откако таа го одбила тоа, тој и се заканил дека ќе и направи проблем во клубот додека пее и дека ќе ја ишиша келава. Со ова тој направил казнено дело загрозување на безбедноста и сигурноста, пишува меѓу останатото во пресудата.
Сепак оваа пресуда не е конечна и тој има право на жалба, пренесуваат српските медиуми.
фото:Инстаграм принтскрин