Радио Милева

Казнет победникот на „Ѕвездите на Гранд“ – следува тужба од 15 000 евра!

Казнет победникот на „Ѕвездите на Гранд“ – следува тужба од 15 000 евра!

Победникот на претпоследната сезона на Ѕвездите на Гранд, Ибро Бублин се најде во центарот на скандал поради новата песна „Све чу дати“. Како автори биле потпишани самиот пејач и неговиот татко.

Меѓутоа, испаднало  дека дел од мелодијата и текстот се авторско право на композиторот Саша Лазиќ.

По овој повод се огласи и Саша Лазиќ, а веднаш реагираше и директорот на Гранд кој ја избриша песната од Јутуб.

„По неколку  години соработка со големите ѕвезди, а и со анонимни изведувачи, во декември претходната година на победникот на Ѕвездите на Гранд му пратив демо снимка која ја отпеја Дарко Лазиќ. За да случајно на Јутуб слушнам рефрен кој е 100% мелодиски ист и  80% од текстот, а тој се потпишал како автор?Што се случува?Аца Крсмановиќ и јас сме украдени, напиша композиторот на социјалните мрежи.

Саша Лазиќ откри дека веднаш го контактирал Саша Поповиќ.

„По наредба на Поповиќ, песната ја правев специјално за тој победник. Без да знам, тој ја снимил песната со негов потпис и потпис на неговиот татко. Одма ми се јави Саша Поповиќ кој беше на моја страна и ја избриша песната од Јутуб. Тужбата од 15 000 евра е готова, а за останатите детали може да го контактирате мојот адвокат, вели композиторот за „Блиц“.

По тој повод се огласи и Ибро на својот Фејсбук.

„Драги пријатели, луѓе кои ме следите. Мало известување за вас. Пред неколку минути, на моја инцијатива ја избришав песната „Све чу ти дати“. Причината е затоа што не можев да ги премолам лагите, но како и некои колеги под влијание на Саша Лазиќ плукаат по мене. Драги луѓе, јас нема да застанам на ова. Сега сум посилен. Подготвен сум за нови песни. Ве сака Ибро, напиша тој.

фото:принтскрин/фб

To top