Убаво е кога луѓето се сакаат, па таа своја љубов ќе ја споделат со сите останати. Така тоа го направи и македонската манекенка и модел – Емилија Розман.
Поради пандемијата со короната која трае веќе од март, се откажуваа свадбите, големите прослави,родендени..
Така, некои македонски јавни личности ги одложија своите свадби за следната година за некое подобро време и подобри услови.
Но, еден документ, потпис можеби и нема толку значење кога љубовта, довербата, почитта, разбирањето се присутни.
Љубовта цвета и во животот на Емилија Розман. Моделот иако на својот „Инсаграм“ не се фали често со случувањата на приватен план, сега направи исклучок и беше неизбежно да се пофали дека рипна во тавче и наскоро ќе заплива во брачните води.
Имено, Розман кажа „да“ на своето момче, Стефан Ангеловски.На својот „Фејсбук“ таа сподели фотографија од букет со цвеќиња и го покажа свршеничккиот прстен.
„До месечината и назад! Да, да, да“, напиша таа во описот на објавата.
Под истата се нижеа честитки со желби вечно да им трае љубовта.
Редакцијата на вистина.ком.мк се приклучува кон честитките, да се вечни и се најубаво во заедничкиот живот.
Инаку, според податоците на социјалните мрежи, идниот сопруг на Емилија работи во гостилница во Скопје.
Потсетуваме, Емилија во март оваа година го прослави својот 28 роденден!
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/na-emilija-rozman-nikoj-ne-i-dojde-na-rodenden-ama-taa-sepak-go-slaveshe-vo-izolacija-foto/