Радио Милева спортско-новинарска брачна сага

Катерина Павлова на втора регистрација: Македонската спортска новинарка откако се разведе од еден, се омажи за друг колега! (ФОТО)

Катерина Павлова на втора регистрација: Македонската спортска новинарка откако се разведе од еден, се омажи за друг колега! (ФОТО)

Спортската новинарка Катерина Павлова освен по своите спортски коментари и написи стана позната и по тоа што не се срами да прикачи провокативни фотографии од својата телесна раскош во која доминираат бујните атрибути со кои на неколку пати успеа да ги запали социјалните мрежи.

Гордата сопственичка на најдобрата „спортско-новинарска задница“ како што ја нарекуваа Катерина овој пат сподели неколку нови фотографии на својот Фејсбук профил, со кои многумина изненади.

На нив Катерина Павлова и се’ уште според презимето на фејсбук Николовска, во прегратка на маж со кого се бакнува в уста…

И  добива дузина честитки од блиски, пријатели, колеги… за стапување во брак, иако јавноста ја познаваше како сопруга на нејзиниот колега, спортскиот новинар Драган Николовски со кого беше во долгогодишен брак од кој имаат и ќеркичка!

Имено, само оние најблиските и подобро упатените во спортската новинарска фела занаат дека бракот на спортско-новинарската брачна двојка  од пред неколку години  „пукнал“, а потоа новинарката влетала во љубовните прегратки на друг човек. И тој  спортски новинар, како и претходниот нејзин, сега веќе бивш брачен сопружник.

Уште во месец јули минатата 2021 година, нејзиниот сега и официјално втор сопруг и колега, Никола Ѓуровски ја побарал раката на неговата  колешка Катерина Павлова, која тогаш гордо го покажа својот веренички прстен покрај кој појаснила: „Се сврши…“!

Веројатно и брачната сага со првиот сопруг и новата, која почнала да се официјализира со свршувачката со вториот!

Десеттина месеци подоцна, македонската спортска новинарка Катерина Павлова заврши на втора регистрација! Поточно, откако се разведе од еден, се омажи за друг колега!

Ниту прва, ниту последна. Браковите и разводите во 21-от век се вообичаена работа. Она што е необично и ја скокотка јавноста е дилемата: Дали Катерина Павлова покрај тоа што има професионална „слабост“ кон спортот и приватно има афинитети исклучиво кон спортските колеги или средините во кои работи и се најприкладното место за да го спои убавото со корисното?

Како и да е, нека е со среќа новата спортско-новинарска брачна заедница!

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/ketrin977/Dragan Nikolovski/Katerina Pavlova Nikolovska

 

To top