Катарина Живковиќ неодамна се врати од САД дома во Србија, по двомесечната турнеја. При гостувањето во една ТВ емисија тргнала да ги вади обетките, но откако и сугерирале дека обетките што ги носи се апсолутен хит и дека Џенифер Лопез дури ги носела истите и во теретана, српската пејачка ги вратила на ушите.
„Да бидам како Џеј Ло, ама за сиромашни“ – се пошегувала популарната фолк пејачка во изјава за Телеграф.рс.
Иако нејзините обожаватели ја сметаат за многу привлечна, Катарина открила дека не запознала интересни мажи за време на турнејата низ Америка, затоа што не се одвојувала од колешката Кристина Киа Коцкар.
„Двете бевме некако доволни една на друга, така што немаше „добри момци“. Никој не ни пријде“.
Со тоа таа ја потврди приказната на Киа, која исто така истакна дека се вратила во Белград „сува“… Пардон – соло.