Пејачката Катарина Живковиќ јавноста ја запозна за време на натпреварот на „Ѕвездите на Гранд“, кога таа имаше само 17 години.
View this post on Instagram
Оттогаш поминаа исто толку години, а пејачката за тоа време оствари завидна кариера, победи во реалното шоу „Фарм“ и целосно го „промени личниот опис“.
View this post on Instagram
Катарина сега откри дека паралелно со натпреварувањето во шоу програмата на тогашниот сопственик на „Гранд“, Саша Поповиќ, завршила и средно училиште во Лесковац.
„Два пати се пријавував во ‘Ѕвездите на Гранд’. Првиот пат кога имав четиринаесет и не поминав, вториот пат кога имав седумнаесет и потоа поминав. Не влегов во финале, но
Господ ме погледна, имав некоја луда среќа Саша Поповиќ да го препознае мојот талент и сфати дека не треба така лесно да ме испушти“- изјави Каќа и откри што и било најтешко во тие денови:
View this post on Instagram
„Ја добив мојата прва песна ‘Кога не те сакам’ или ‘Што ќе посакаш, тоа ќе го добиеш’. Тогаш таа помина незабележано, можеби и јас бев виновна затоа што не верував во таа песна. Пеев за некои убави чевли, бесни автомобили, скапи часовници и останат луксуз, а од Лесковац до Белград се возев со автобус! Па со јавен превоз на натпревар, а морав да завршам средно училиште во исто време, но бев упорна и не се откажав“ – се потсети Каќа на своите почетоци во кои вака изгледаше.
Фото: Инстаграм/katarina_zivkovic_official/ YouTube – принтскрин