За некои почетокот на Нова година носи и нови предизвици, нови промени, нови успеси кои ќе останат запаметени.
Македонскиот модел Катарина Ивановска на почетокот на 2019та направи промена во нејзиниот изглед.
Имено, Катарина има нова фризура, односно ја скрати косата и направи шишки. Иако станува збор за мала промена, сепак е впечатлива и оние кои ја следат можат да го забележат нејзиниот нов изглед.
Моделот во кратките приказни на „Инстаграм“ се пофали со новиот изглед, а во описот на фотографијата напиша: Нова година, нова промена, нова јас.
И на последната нејзина објава на социјалните мрежи може да се забележи новиот „look“ на манекенката.