Победничката на реалното шоу „Задруга 2“, Луна Ѓогани по завршувањето на шоуто започна со музичка кариера и ја сними својата прва песна „Девети круг“.
Инаку, првата песна Луна ја снимаше во Скопје, во студиото на Дарко Димитров, а придружен вокал беше Антониа Гиговска. Иако тогаш имаше многу шпекулации дкеа не пее Луна туку Гиговска, двете пејачки ги демантираа овие гласини.
По издавањето на нејзината прва песна, многумина нејзини колешки и колеги ја подржаа, некои ја пофалија, некои ја критикуваа, а некои немаа коментар.
Меѓу нив е и пејачката Катарина Грујиќ која истакна дека не ја смета Луна Ѓогани за своја колешка.
„Не може да се претставува како пејачка кога не е. Не можем да бидам во ист кош со реалити ѕвезди и со некој кој кога ќе излезе на сцена пее на плејкбек со лаптоп. Тоа не се пејачи.Кога ќе имаат бенд и ќе снимаат сериозна песна, тогаш може да ми бидат конкуренција, а дотогаш нека не се глупираат. Го покажува задникот за пари и слава, но од тоа не се живее, ниту ќе останат долго време во оваа професија“ вели Катарина.
За потсетување, претходниот викенд Луна пееше во Струмица и Кавадарци, а многумина ја критикуваа дека пеела на плејбек.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/luna-gjogani-peeshe-na-plejbek-vo-strumica-i-kavadarci-a-eve-kolku-pari-zaraboti-za-4-chasa/