Катарина Грујиќ веќе некое време ужива во хармоничен брак со Марко Гобељиќ, со кој пред една година ја доби ќерката Катја, а сега откри што е тоа, што никогаш не би му го простила на нејзиниот сопруг.
– Што повеќе би сакале, да го фатите сопругот како ве изневерува со вашата најдобра пријателка или со неговиот најдобар пријател – беше прашањето за Катарина Грујиќ.
– Не може. Не би ме погодило ни едното ни другото, бидејќи нема да има ништо после, нема да патам и тоа е тоа. Ако има неверство, само би ги собрала работите и би заминала. Никогаш не би изневерила никого во мојот живот, дури ни мајка ми или татко ми. Таков човек сум јас. Ако на некого му дадам 300 проценти од себе, очекувам некој да ми врати, а Марко ми го враќа. Не ме интересираат изговори. Слушнав една причина дека мажите изневерувале за повеќе да ги сакаат своите сопруги, тоа некако не ми оди – изјави Грујиќ.
Да потсетиме, пејачката еднаш зборуваше за нивната врска и откри дека воопшто не и се допаѓа епитетот „жена на фудбалер“.
– На луѓето им е фасцинантно како е да си сопруга на фудбалер. Тоа е навреда, затоа што повеќето жени на фудбалери имаат свое име и презиме и свое занимање или кариера, а и да немаат, тие се домаќинки но и тоа е работа. Само е мажена за тој маж, има деца или што и да е. Нема потреба така да се етикетира – објасни еднаш Каќа.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Катерина Грујиќ/Амиџи Шоу