Катарина Грујиќ се прослави во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, каде беше една од најзабележителните во својата сезона. Како што минуваа годините, пејачката се менуваше и психички и физички.
Таа на Инстаграм се нарекуваше „кукла“, а медиумите често шпекулираа за операциите и естетските зафати на кои таа се подложила.
Пејачката последниве месеци ужива во мајчинството, откако е во брак со фудбалерот Марко Гобељиќ, со кој ја имаа наследничката Катја.
Уште кога се појави во јавност, сите ги заинтригира со својот изглед, а и често зборуваа за естетските зафати што ги направила, пишуваа дека го намалила носот, ги зголемила градите, направила холивудска насмевка, ги зголемила усните.
Од сето горенаведено, Катарина единствено негирала дека го намалила носот.
„Никогаш не криев дека ги зголемив усните и градите, се хранам здраво и тренирам, па ќе видиме за 20, 30 години што ќе се случи“, еднаш одговори пејачката на тврдењата дека „цела оперирана“.
Никогаш не криела дека редовно оди кај естетскиот хирург за ситни корекции со инјекции и филери, а судејќи по нејзиниот Инстаграм профил на кој редовно објавува селфи, задоволна е од својот изглед.
Фото: Принтскрин/Дамир Дервишагиќ/Курир ТВ/YT/