Радио Милева „висока“ мода...

Каролина се качи скала погоре: Позирањето и „лежи“, а „му лежи“ и таа нему (ФОТО)

Каролина се качи скала погоре: Позирањето и „лежи“, а „му лежи“ и таа нему (ФОТО)

Каролина Гочева во последно време е невобичаено активна кога се во прашања јавните појавувања. Паралелно со музичките збиднувања и концертните настапите, битолчанката со скопска адреса на живеење се’ почесто и повеќе можеме да ја видиме и како заштитно лице на некои модни брендови.  Очигледно на згодната Керол позирањето одлично и оди, а таа брилијантно се снаоѓа во улогата на модел. Од прикажаното на модните фотографии на Каролина, станува повеќе од  јасно дека  позирањето и лежи… А, „му лежи“ и таа нему…!

Имено, на нејзиниот Инсатаграм профил најпрвин осамна фотографија на која таа беше фотографирана на скали, каде во родео стил со крената нога на дрвениот ракофат, „лежи на гелендерот“, односно заштитната ограда! Во поза која одзема здив и заводлив поглед, тогаш Каролина ја разбранува машката фантазија и доби многу ласкави комплименти, а некои дури и беа изненадени од еластичноста на пејачката, која сепак не е тинејџерка.

Дека позирањето „и лежи“, ама и таа нему, доказ е уште една, понова модна фотографија на која македонското девојче одново лежи! Овој пат променета во црвена фустан со длабок шлиц, куси мрежести чорапчиња и елгантни црни чевли, Каролина лежерно испружена на софата со замислен поглед некаде во далечина, во интерактивна блискост помеѓу неа, моделот што го носи и рекламира и оние што ќе ја погледнат фотографијата.

Но згодната пејачка веднаш потоа отиде чекор понатаму… Или поточно, се качи скала погоре! Овој пат, позирање без лежење, ама сепак на ниво!

Најновиот моден перформанс на Каролина подразбира елеганција и „висока“ мода. Елеганција заради моделот, „висока мода“ заради нивото на кое го презентира.

Имено, облечена во тесни црни бермуди и елегантно црно сако, со во последно време, неизбежната црна плик-чантичка на колан, обуена во сребрени ниски чизмички, Каролина овој пат качена на скала „од високо“ ја демонстрираше својата елеганција. Па така покрај онаа во движење и лежење, сега ја покажа и оваа… подигната скала погоре!

Поза која можеби ќе инспирира некои да ја купат и на себе променат модната комбинација на пејачката или можеби ќе го инспирира уметникот за нова слика,  ново уметничко дело инспирирано од неговата муза?!

 

To top