Радио Милева

Каролина позираше за насловна страница: Kога се отвори шлицот, целото внимание пaдна на еден детаљ (видео)

Каролина позираше за насловна страница: Kога се отвори шлицот, целото внимание пaдна на еден детаљ (видео)

Каролина Гочева изминатиот период е доста активна кога се во прашања јавните појавувања. Па така, паралелно со музичката кариера и настапите, се почесто можеме да ја видиме како заштитно лице и модел на некои брендови за гардероба, накит и убавина…

Брендовите ја обожаваат Каролина, а пак таа брилијантно се снаоѓа во улогата на модел. Од нејзиното држење и самоувереноста, Каролина даде јасно до знаење дека позирањето и лежи и одлично се чувствува како модел пред камерите и фото објективите.

фото:инстаграм/принтскрин/каролинагочева/@anidimi.photography

Деновиве таа се фотографираше за насловната страница на магазинот „Портрет“, а за таа цел беше снимено и кусо видео кое пејачката го објави на својот Инстаграм профил. Облечена во кежуал фустан со ретро шмек и висок шлиц, Каролина го откри својот најсилен атрибут – нозете.

Кога шлицот се подотвори, а Каролина го пушти чекорот како газела, голата, долга и витка нога, падна во фокусот на внимнието на обожавателите и седбениците, кои го коментираа токму тој момент.

 

View this post on Instagram

 

@portretmagazin cover shooting #bts video by @studio_artevski #mango #fashioneditorial #behindthescenes #comingsoon

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on

Битолското чупе или нашето македонско девојче, независно  дали пее или позира како модел, таа едноставно освојува!

To top