Македонската поп-пејачка Каролина Гочева вчера, среда, 25 јануари 20223 год. настапи на годинешното доделување на регионалните музички награди „Music Awards Ceremony“ (МАС).
Непосредно пред започнувањето на настанот, таа одвои време да одговори на дел од новинарските прашања во врска со нејзините музички планови и приватниот живот. Со оглед на тоа што вчера се навршија 42 години од раѓањето на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, новинарите не ја пропуштија можноста да ѝ постават прашања и за него.
Каролина и Тоше паралелно почнаа да ги градат нивните музичките кариери кон крајот на деведесеттите години на минатиот век, кога беа и блиски соработници и ексклузивци на продукцијата „Авалон“ и ја снимија заедничката дует балада „Немир“.
На прашањето дали во меѓувреме се појавила некоја личност која ќе може да го замени Тоше, Каролина кратко одговори – НЕ!
„Слободно можам да кажам дека сè уште не се појавил некој што ќе го надмине и не верувам дека некој од тој калибар ќе се појави во скоро време. Ние сме среќни што го имавме“, изјави Каролина.
Исто така, пејачката сподели дека често патува во Крушево и дека одржува контакт со семејството и пријателите на Тоше.
На прашањето дали некогаш ќе се повтори некоја дуетска песна како „Немир“, таа одговори дека „најверојатно, таков дует – не, но дека би сакала да сними нешто слично“.
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм принтскрин/karolinagocheva/srbija_showbizz
Извор: Слободен печат