Радио Милева За добар аксесоар не штеди

Каролина Гочева се прошета со чанта од 700 долари (фото)

Каролина Гочева се прошета со чанта од 700 долари (фото)

Таа важи за една од најубавите и најстилизираните македонски пејачки, а не ретко овие комплименти ги добива од припаднички на понежниот пол на кои им се допаѓа модниот и стилски печат на Каролина Гочева.

На секој нејзин сценски настап таа изгледа одлично, а ист е случајот и кога е секојдневниот изглед во прашање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Иако е од ние дами што преферираат облека и модни додатоци и од комерцијални брендови што можат да си ги дозволат сите, Каролина некогаш знае да изненади, да си почести душа и да прошета со некое скапо парче како во случајов.

Имено, таа во црна комбинација покажа дека искомбинирала мала чантичка од брендот „Jackquemus“ чија цена на интернет чини 670 долари.

Некогаш жените едниоставно не можат да одолеат на аксесоари независно од цената, секако ако може да си дозволат, а веројатно таква е и Каролина.

Инаку, вчера на 1-ви март, како по традиција на социјалните мрежи на многу профили се најде песната на Каролина насловена „1-ви Март“, а од многуте пораки кои ги добила, помислила дека и е роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

-Денес добив куп пораки, за момент си помислив и дека стварно ми е роденден.
Сериозно ќе размислам од следна година да си го славам и денешниов “празник”.
Па, среќен нека е! – пишува македонското девојче кое за објавата доби повеќе од 10 илјади допаѓања и безброј коментари.

To top