Со почетокот на 2021 година имавме многу поголема надеж дека новото нормално кое коронавирусот го нематна на целиот свет, ќе заврши или барем полека ќе го снема од нашето секојдневие.
Но, реалноста за жал ни покажува една поинаква слика која секојдневно не разочарува, растревожува или едноставно ни го скратува правото на живот.
View this post on Instagram
Пејачката Каролина Гочева како и целата музичка фела е ставена на пауза на неодредено, а кога би можела да го покаже својот фацијален грч на целава ситуација, таа тоа би го направила како на оваа фотографија:
-Денов, месецов, годинава – напиша Каролина мислејќи на се’ она што ни се случува и опкружува.
View this post on Instagram
Но веројатно не можеше да најде полоша фотографија од себе за да го покаже она што имеше намера, бидејќи следбениците и порачаа дека и вака е најубава.
Намерата не беше успешна – бидејќи реалноста на коронавирусот е толку грда што не посакуваме да ја гледаме во ниедна форма.