Радио Милева
ниту чула, а ниту пробала

Каролина Гочева повторно соочена со истиот проблем за кој јавно побара помош: „Ова се истите лаги“ (фото)

Каролина Гочева повторно соочена со истиот проблем за кој јавно побара помош: „Ова се истите лаги“ (фото)

Лажни профили, реклами за козметички препарати, разни алтернативни лекови за подобро здравје и што ли уште не може да се сретне на интернет просторот од социјалните мрежи.

Познатите се одлична прилика како промотори за истите, но тие не секогаш вистински се дел од тоа или лица на ваквите кампањи, особено не за некои досега неслушнати имиња на козметика.

Каролина Гочева, Калиопи, Антониа Гиговска, се само дел од познатите дами кои се соочиле со ваквата дигитална злоупотреба, некои од нив само еднаш и со брза реакција за решавање на проблемот и отстранување на лагата, односно дека не заштитни лица на истото.

 

Па така, со повторна или репризна злоупотреба на нејзиниот лик во реклама за крема против брчки е Каролина Гочева чие лице ќе го видите од оваа лажна објава.

Ваквата објава кружеше на Фејсбук и тоа како спонзорирана, а пејачката веднаш се огласи со брза реакција на своите профили, а наедно побара и помош од сите оние што ќе ги забележат овие објави да ги пријават.

Изминатиот период Каролина и навистина беше лик за промоција на препарати за убавина, но за конкретниве ни самата чула, а најмалку да ги пробала или склучила соработка.

Времето на лаги и измами на социјалните мрежи зема се поголем замав, затоа разумно и со резерва треба да се земат профилите и објавите на истите.

фото: Instagram printscreen/ karolinagocheva/ Facebook/ Karolina Goceva

Останати вести од Радио Милева