По концертот насловен „Ајде да летаме Greatest hits“ кој се случи на1-ви јили во Скопје, Каролина Гочева имаше најава за уште еден таков кој требаше да се случи утре 4-ти Август во Охрид.
За жал, публиката нема да има можност да ја слуша и гледа Каролина во Охрид бидејќи концертот е откажан.
Причината за откажувањето на концертот е здраствената состојба на Каролина која јавно се обрати на социјалните мрежи и напиша дека не се чувствувала добро и е ковид позитивна.
Драги мои… Многу се радував на нашата средба во Охрид и многу сакав да ја повториме онаа магична вечер од Скопје, но… од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав и имам корона. За жал, мораме да го откажеме концертот планиран за четврток во Охрид. Се гледаме во следна прилика, а на Охрид ќе му се оддолжам со концерт наесен!- пишува Гочева.
Пред да го напише ова, им го честиташе празникот Илинден на сите Македонци, а стотина со честитка и мисла за побрзо закрепнување се редеа под објавите.