Современиот свет и технологијата во 21 век со себе носат многу новитетити и напредок кога станува збор за социјалните мрежи.
Така, на интернет платфоморите често се појавуваат нови трендови, нови предизвици, апликации кои рушат рекорди, а корисниците стануваат зависни од нив.
Пред некое време на социјалните мрежи тренд беше „10yearschallange“ каде што корисниците на социјалните мрежи објавуваа фотографии од архива од пред 10 години.
Тогаш можевме да видиме многу фотографии од нашите јавни личности во нивната младост и колку се промениле од пред 10 години.
Потоа, на Интернет завладеа нов предизвик, односно тренд.
Имено, социјалните мрежи беа преплавени со фотографии како би изгледале во старост.
Апликацијата наречена „Faceapp“ нуди можност да си го видите вашето лице на стари години.
Некои од нашите јавните личности веќе ја пробаа оваа апликација и објавија на социјалните мрежи како би изгледале во зрелата доба.
За останатите личности кои не објавија како ќе изгледаат за неколку десетици години, ние одлучивме да ги однесеме на кратка прошетка во иднината и со помош на апликацијата да направиме фотографија од нив на стари години.
Вака ќе изгледаат нашите познати и популарни естрадни лица за ХХХ години.
Влатко Лозаноски
Адријана Алачки
Каролина Гочева
Марјана Станојковска
Сузана Турунџиева
Даниел Кајмакоски
Калиопи Букле
Елена Ристеска
Сара Мејс
Фото: Социјални мрежи