Радио Милева
Бесценети моменти

Каролина без сопругот на море: Пејачката ужива во женско друштво кое и полни срце (фото)

Каролина без сопругот на море: Пејачката ужива во женско друштво кое и полни срце (фото)

Пред концертот во Битола како свечено отворање на „Бит Фест“, како и големиот концерт на 1-ви јули на стадионот на АРМ, Каролина Гочева реши да ги наполни батериите на семеен одмор во Парга –Грција.

Имено, таа овој пат се реши да отпатува без сопругот Михаил и да си даде време само на ужувањето со нејзиното омилено семејно женско друштво составено од: мајка и, сестрата Сандра и подмладокот – внуките Луција и Инес.

Керолина овие убави моменти покрај море ги сподели со своите следбеници и обожаватели на Инстргам, а од приложеното се гледа дека женската екипа ужива во секој заеднички момент.

Тета Керол особено е посветна на внуките кои се нејзина слабост, а пак тие секогаш се тука за да и ја покажат безусловната и незаменлива љубов кон омилената тетка.

Инаку,концертот кој ќе се случи на 1-ви јули е насловен „Ајде да летаме“, па публиката ќе има можност да се присети и ужива највраќајќи се на најдоброто од Каролина.

Останати вести од Радио Милева