Карлеуша вчера доцна попладне за прв пат и се обрати на нацијата, поточно на новинарите и медиумите, откако беше во медиумската тишина претходната недела.
„Болната медиумска хајка не престанува. Злото што на моето семејство и на мене ми го направивте со вашите болни лаги е немерливо. Никого не сум убила, украла или направил нешто лошо, напротив – го посветив целиот мој живот на помагање на луѓето и животните. Нека целиот Балкан, целиот свет го гледа медиумското, психолошко, глупаво касапење на една жена, нејзиното семејство, на името, честа, основното човечко достоинство – и нека молчи“ – напишала Јелена и додадла:

„За крај ќе упатам апел. Не ставајте ги моите деца на насловните страници. Не користете ги моите деца во вашите болни намери да ми наштетите и повредите. Дали во вас има барем нешто човечко или едноставно сте чудовишта кои уживаат во употреба на насилство, лаги и омраза … “ – напишала Карлеуша на својот Инстаграм профил.

Но, по некое време, пејачката ја избришала објавата од Инстаграм од непознати причини!