Српската поп-фолк ѕвезда Јелена Карлеуша заедно со ќерките Ника и Атина одмораат на море, во еден ултралуксузен ресорт во Турција. Пејачката не престанува да биде активна на социјалните мрежи, па оттаму секојдневно испраќа нови фотографии и видеа од плажа за нејзините верни фанови кои најпрвин ги збудале со своето ултрасекси мини бикини, кое толку малку покрива, што русокосата исто како да го нема.
Танга одзади, ама и танга однапред… Или таканаречена „предна танга“ која покрива минимум, ама затоа возбудата ја крева на максимум!
Веднаш потоа, Карлеуша се појави во ново бикини, па своите Инстаграм следбеници гу „шекна“ со нејзините „портокали и лубеници“. Иако се само во вид на принтани апликации, на многумина им предизвикаа слатки главоболки и компликации, зашто долго не можеа да го одлепат погледот од „сочното овошје“ на русокосата.
А, Карлеуша го пушти на најјако сексапилот, па седната во голф автомобилот им приреди „тути-фрути“ изненадување, во вид на еротско патување при кусото видео-возење со неа од хотелската гаража до најблиската плажа.
Кулминацијата се разбира дојде на крај, кога пејачката блесна во сиот свој сјај, па возејќи замеша со колковите во седиштето, а бујните атрибути, само што не испаднаа од лежиштето.
А, бидејќи секогаш има и од оние кои на вака раскошана телесна убавина наоѓаат маана, пејачката реши на хејтерите да им ја затвори устата и вртејќи им грб, им возврати со не помалку сочен, ама искрен коментар:
„Не, го немам она што некои би рекле „вештачки задник“. Моето ‘га*е’ е само убав дебел балкански задник полн со целулит! Но, бидејќи гледам дека тука коментираат само оние што се чини дека знаат подобро од мене, што можам да им кажам, освен да зумираат и уживаат!“- напиша Карлеуша во описот на фотографијата.