Радио Милева провокација или помирување?

Карлеуша за прв пат објави заедничка фотографија со Цеца: Двете лути ривалки и натаму ќе се тужат или отсега ќе се дружат? (ФОТО)

Карлеуша за прв пат објави заедничка фотографија со Цеца: Двете лути ривалки и натаму ќе се тужат или отсега ќе се дружат? (ФОТО)

Јелена Карлеуша и Цеца Ражњатовиќ со децении се лути сопернички и се среќаваат само на судење.

Тие никогаш не кажале пофални зборови една за друга, па од фотографијата што Карлеуша вчера ја објави многумина останаа шокирани.

Имено, Јелена објави фотографија на нејзината инстанграмска приказна каде што е сликана како ја напушта судницата во друштво на својот адвокат, но зад неа се гледа Цеца.

Судејќи според фактот дека Јелена секогаш максимално се грижи за своите фотографии и нивните објави на социјалните мрежи, оваа слика сигурно не е без причина ставена на нејзиниот Инстаграм профил. Со тоа, ова стана и првата заедничка фотографија на  двете лути ривалки, кои и натаму ќе се тужат или отсега ќе се дружат?

Ве потсетуваме дека Цеца ја тужеше Карлеуша во врска со нејзините изјави во еден дневен весник дека Ражњатовиќ го наредила убиството на Зоран Давидовиќ Чанда, а Карлеуша се појави во средата на судското рочиште во црна облека од глава до петици.

To top