Радио Милева
се' уште во шок

Карлеуша во лоша состојба, Тошиќ стравува за нејзиниот живот, а еве што вели и психијатарот (ФОТО)

Карлеуша во лоша состојба, Тошиќ стравува за нејзиниот живот, а еве што вели и психијатарот (ФОТО)

Душко Тошиќ му се доверил на својот пријател дека не се враќа во Кина, бидејќи неговата сопруга Јелена е во многу лоша состојба по смртта на нејзината мајка и и’ помага да се опорави од загубата.
Јелена има тешкотии по смртта на нејзината мајка и никако не доаѓа до себе. Таа се’ уште е во тешка ментална состојба. Не сфаќа дека Дивна веќе ја нема. Постојано плаче и пие седативи. Таа речиси не зборува со никого. Душко никогаш не ја видел во таква состојба. Тој ја разбира нејзината болка и сака да и помогне. Тој најдобро знае во колку добри односи биле Дивна и Јелена, и колку пати таа плачела додека нејзината мајка се борела со ракот на белите дробови. Јелена постојано велела дека нема да може да поднесе ако Дивна умре, па затоа Душко се плаши дека сега може да направи нешто лошо за себе“ – вели изворот.

Саша Поповиќ ден пред смртта на Дивна ја посетил Јелена. „Таа беше толку поврзана со нејзината мајка што секогаш велеше: Доколку мајка ми умре, јас ќе се убијам“!

Ирена Поповиќ, психијатар Клинички центар “Д-р Лазар Лазаревиќ” кажува дека луѓето кои загубиле некој близок поминуваат низ неколку фази на опоравување.

“Тагата е примарна емоција која ни помага да ја прифатиме тешката загуба на лицето или на врската. Времетраењето зависи од поединецот, но можеме да кажеме дека обично трае од шест месеци до една година. Кога тагата по загубата трае подолго од овој период или со неа се појави и пад на самодовербата, а потоа можеме да зборуваме и за депресија. Нормално тагата има свои фази. Првата фаза е  шок, а потоа неверување, фазата на лутина или бес, но подоцнежните фази се фази на прифаќање и реинтеграција. Успешното завршување на процесот на тагување доведува до созревање на личноста и психолошка раст. Крајот на тагувањето е моментот кога загубата што настанала може да се стави во контекст на животот и да се продолжи со истиот, иако таа празнина ја носиме во себе цел живот“.

Фото: Е-сток

Останати вести од Радио Милева