Радио Милева брутално ги прозва...

Карлеуша удри по Цеца, ама и по Војаж: „Сигурно не е свесен, инаку кој би отишол да им пее на „убијците на својот татко?“ (ФОТО)

Карлеуша удри по Цеца, ама и по Војаж: „Сигурно не е свесен, инаку кој би отишол да им пее на „убијците на својот татко?“ (ФОТО)

Хелена Оцокољиќ, ќерката на Лидија Оцокољиќ сестрата на Цеца Ражнатовиќ, го прослави својот 18-ти роденден, а гостин изненадување на прославата на полнолетството беше младиот рапер Војаж, син на телохранителот на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој исто така беше тешко ранет во пукањето.

По повод роденденската прослава и гостинот – изненадување кој самата Цеца го донела и со кој таа цело време танцуваше, се огласи  нејзината лута ривалка и животна соперничка,  Јелена Карлеуша на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

„Не знам што ја израдува наногица ( како што таа ја нарекува Цеца, заради тканаречената алка која ја носеше на ногата своевремено додека беше во домашен притвор)/ Војаж што и пееше в лице: „Околу мене ку*ви, пари, дрога“ или тоа што (своевремено) им даваше алиби на кумовите за тешкото ранување на татко на истиот тој Војаж?! Мислам, се надевам дека не е свесен… затоа што кој би бил свесен да оди да им пее „на убијците на својот татко?“ – напишала Карлеуша на своите Инстаграм приказни.

Да потсетиме, прославата беше организирана во еден ресторан во српската престолнина, каде присуствуваа околу 150 луѓе.

Фото: Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic/karleusastar

To top