Јелена Карлеуша одново шокира. Белградската „мала од скандала“ нема ден да не ја распамети јавноста со скандалозни изјави, однесување, облекување… Само што овој пат иако не и е прв, а веројатно ни последен, русокосата се сликаше пиштол гола.
Добро, можеби и не покажува баш се’, иако доволно е видливо дека под долгата мастило сина бунда од вештачко крзно која вели дека и е ептен погодена, пејачката е како од мајка родена!
„Опседната сум со ова @rita_design_ електрик сина бунда од вештачко крзно! Не треба да носите ништо под, само вашата совршена самодоверба“ – смета дека е доволна голата Карлеуша!
Белградската поп-фолк дива во мастило сина бунда, а под неа ништо на неа, само (уште една) гола… рунда!
Или како што самата вели: „Гола, најдобро облечена“!
Фото: Инстаграм/