Радио Милева големо срце

Карлеуша со емотивна објава ја разнежни јавноста: „Ти го можеш тоа љубов моја, знам дека е тешко“ (видео)

Карлеуша со емотивна објава ја разнежни јавноста: „Ти го можеш тоа љубов моја, знам дека е тешко“ (видео)

Јелена Карлеуша е горда на фактот дека е голем борец за правата на животните. На социјалните мрежи таа зборува за веганството кое и самата го практикува со години и се залага дека домашните миленици треба да се посвојуваат, а не да се купуваат.

Во нејзиниот дом неодамна влегло куче на кое му била многу тешка судбината. Имено, на животното му биле масакрирани предните нозе и опашката, го мачеле и малтретирале, а поп дивата решила да го посвои, да го нарече Алфа и да му овозможи подобар живот.

Јелена ги презеде сите трошоци за лекување и сета грижа за Алф и му обезбеди храна, лекови и најважно, топол дом со љубов.

Една од емотивните сцени од нејзиниот дом на Дедиње ја видовме на социјалните мрежи.

Алфи сега има протези на нозете и се уште учи како да ги користи, а Јелена напорно го тренира за да може што подобро да оди како и секое куче и да го доживее целиот свој потенцијал.

На видеото се гледа како Алфа лежи, а Јелена го охрабрува да дојде, за да вежба одење на протези.

@nisi.u.pravu #jelenakarleusa #alpha #dog #cutie ♬ original sound – nisi.u.pravu

– Стани Алфа. Можеш да го направиш тоа, љубов моја. Знам дека е тешко, но дојди кај мене. Знам дека е тешко, но ти си борец, ајде! – се слушаат охрабрувачки зборови.

На крајот од видеото кучето и приоѓа на Јелена и таа воодушевено го пофалува, а видеото целосно ја разнежни јавноста.

Да потсетиме, Јелена Карлеуша најави дека ќе го затвори својот профил на Твитер.

фото: Instagram printscreen/ karleusastar

видео: Tiktok.com

To top