Јелена Карлеуша се сликаше сосема гола, во интерес на заштита на животните, со што стана првата славна личност од овој регион, која и се придружи и ја поддржа познатата кампања: “Подобро гола, отколку во крзно”!
„Како човек од јавниот живот со големо влијание на младата популација, особено во овој дел од Европа, сакам да бидам добар пример и лидер во поддршката“ – вели Јелена.
„Ниеги користиме нашата слава и популарност на најдобар можен начин – против убивањето на невините.Ја покажуваме нашата кожа и објаснуваме дека сме поубави кога нашите срца и души се полни со сочувство и љубов. Не ни треба крваво крзно за да изгледаме и да се чувствуваме убаво“ – убиството не може да биде добро – додава Карлеуша.
Поддржувајќи ја организацијата за правата на животните, таа го привлекува вниманието на страдањето на животните кои се убиени заради нивните крзно, и тоа само се вклопува во духот на времето како пример за нејзините фанови, но и како човек кој ја поддржува забраната на фарми за производство на крзно во Србија.
Оваа забрана беше донесена во 2009 година и треба да влезе во сила следната година.
Јелена сака да ги инспирира луѓето и да ги поттикне своите фанови да имаат добар однос кон животните и да престанат да ги поддржуваат индустриите за производство на крзно, како и да се определат за мода без суровост.
Извор: Телеграф.рс
Фото: Душан Петровиќ