Радио Милева баснословна „ситница“...

Карлеуша се пофали со новата „бренд играчка“ од 40.000 евра, колку што чини еден помал стан или луксузен автомобил, а не е ниту едно од нив (ФОТО)

Карлеуша се пофали со новата „бренд играчка“ од 40.000 евра, колку што чини еден помал стан или луксузен автомобил, а не е ниту едно од нив (ФОТО)

Јелена Карлеуша очигледно живее на висока нога. Таа сака да троши пари на накит, чевли и скапи парчиња облека. Поп-фолк дивата денес се пофали со уште една скапа „бренд- играчка“, која чини речиси колку еден стан или полуксузен автомобил, а не ниту едно од нив.

Во прашање е луксузната марка рачни часовници „Ролекс“, кој сега ја краси раката на русокосата. Просечната цена на часовник од овој  бренд чини околу 30. 000 евра, а како што можеме да видиме, Карлеуша има зад себе уште три часовника од истата марка.


Ако побарате колу чини токму овој примерок од бело злато украсен со дијаманти каков што е во случајов часовникот на Јелена, на нивната страницаќе ви кажат дека цената се добива по вашето барање, а Интернет кружи дека ова задоволство чини помеѓу 38.000 и 40.000 евра.

Најскапиот „Ролекс“ може да достигне цена од над 60.000 евра, што, веруваме, не би било никаков проблем за белградската „скандал дама“.

To top