Во најновата епизода на ТЛЗП специјална гостинка во жири беше Јелена Карлеуша која како и секогаш без влакна на јазикот го кажа своето искрено мислење по настапите на учесниците.
Истото го направи и за Леон, пред кого брутално се олесни со своите жестоки навреди кон Северина.
-Леоне ова е твој фазон. Ти мораш да продолжиш понатаму вака. Јас следам што почна ти да работиш. Таа кучка Северина не е твој фазон. Ова е твој стил, мораш така. Тоа е тоа. Хип-хоп е твој фазон, му кажа Јелена на Леон кој се насмевна и кажа дека ја разбира.
Инаку, кавгата меѓу нив кулминираше кога Карлеуша планираше дует со МЦ Сајси, но Северина ја претекна. Јелена тогаш јавно ја прозва колешката преку социјалните мрежи:
-И понатаму не можам да верувам колку е бедна Северина. Мене би ми било срам да нешто кое другите го најавуваат со месеци да го претставам како своја идеја. Секако, што да очекувате од жена која и онака лошо пуши.
По толку време, ЈК сепак не заборави што направи Севе, па реши повторно да удри по неа и тоа јако!