Радио Милева гордост без лимит

Карлеуша рамо до рамо со Џорџина на Роналдо на модна ревија во Париз (видео)

Карлеуша рамо до рамо со Џорџина на Роналдо на модна ревија во Париз (видео)

Јелена Карлеуша уште еднаш докажа дека ѝ нема рамен кога се во прашање модниот вкус и стил.

Јелена долго време ја препознаваат светските ѕвезди и брендови, а уште еднаш покажа колку е почитувана во градот на модата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Карлеуша беше поканета како специјална гостинка на Модната недела во Париз, каде прошета по пистата рамо до рамо со најплатените модели.

Во првите редови беа најголемите светски ѕвезди од светот на модата и шоу-бизнисот, пренесуваат српските медиуми.

Покрај Јелена Карлеуша, на пистата прошетаа и Џорџина Родригез, сопругата на познатиот фудбалер Роналдо, актерката Марсија Крос и светски познатите топ модели како Наталија Водјанова, Вини Харлоу, Валентина Ферера и многу други.

Модниот израз на ЈК одамна е познат и надвор од границите на Балканот, што го потврдува и оваа соработка со „Vatements“

Јелена одлично се снајде на споменатата ревија, носеше сив топ додека сите останати полудеа кога видоа што има на нејзините нозе.

Јелена носеше црвена тренерка со бели странични ленти, а сепак, изгледаа погламурозно од кој било свечен фустан.

Она што сепак привлече внимание е секако заедничката фотографија на Јелена и Вини Харлоу, која е една од најбараните светски супермодели.

фото:instagram printscreen/ karleusastar__fp__/ karleusastar

To top