Во изминатите шеснаесет години, колку што беа заедно, во медиумите се појавија безброј фотографии од Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.
Сепак, пред да го запознае сопругот, Јелена насловната страница на најпознатото спортско списание ја сподели со друг фудбалер. Додуша, на пријателска основа, иако… Не знаеме точно што (о)зборуваше чаршијата, бидејќи тогаш немаше интернет што ќе го „запамети муабетот“, но знаеме дека во 1998 година Јелена го издаде четвртиот албум кој беше продаден во 300.000 примероци.
Во далечната 1998 година, 20-годишната музичка ѕвезда се појави на насловната страница на спортскиот магазин „Темпо“, во друштво на три години постариот Милан Лешњак.Оваа насловна страница на Јелена Карлеуша беше голем хит.
Над насловот „Чоколадо со лешник“ (Лешњак- на српски) пишувало: „Пар кој го запали Белград“. Прославениот спортист, кој во тоа време веќе имаше репрезентативно искуство, седеше на подот, додека Јелена клечи, со широко раширени нозе, речиси јавната над него. Интригантна, како и секогаш, позираше во црно боди, а во преден план беа нејзините долги нозе.
Фото: Инстаграм принтскрин/jelenakarleusa.1/Темпо