Јелена Карлеуша(40) повторно не се појави во белградскиот суд каде требаше да има медијација со фудбалерот Огњен Врањеш(29) кој ја тужи за закана и јавни навреди преку социјалните мрежи, а како што тврди загрозена му е и сигурноста.
Врањеш пред судот се појавил со адвокатот, а на прашањето што ако Јелена не се појави и по третпат, тој одговара:„Тоа прашајте ја нејзе“, пишува српски Телеграф.рс. Додека адвокатите на Карлеушасе обиделе да го оправдаат нејзиното отсуство, Врањеш ги изгубил нервите.
-Сметам дека ова е непочитување кон мене. Јас сум од Босна, а престојувам во Брухелес. Поминав 1500 километри за да го испочитувам судот и нека никаква логика дека не добила покана и дека не знаела за рочиштето. Нејзините адвокати беа на првото рочиште, па не ми е јасно како тоа сега не се појави, изјавил фудбалерот.
Новото рочиште е закажано за 31 мај, а доколку ни тогаш не дојде, по неа ќе оди полиција –пишува српски Курир.
-На јавноста и е познато дека во изминатиот период нашиот клиент Огњен Врањеш доживеа низа навреди и закани од Јелена Карлеуша. Од таа причина, бевме присилени да поднесеме тужба за надомест на нематеријална штета поради повреда на честа и угледот, казнена пријава поради казнено дело, загрозување на сигурноста, како и приватна тужба поради казниво дело за навреда, велат адвокатите на Врањеш- пишува Курир.рс.
Фудбалерот од пејачката бара два милиони динари, меѓутоа ни Јелена не му остана должна и го тужи за клевета.